Фудбалер на шпанскиот третолигаш Алкала против втората екипа на Рајо Валјекано постигна гол каков што ретко се гледа. Тој реши да си ја испроба среќата и да шутне кон противничкиот гол од слободен удар, кој беше досуден на 65 метри. Голманот на Рајо беше излезен многу напред, а и сонцето му светеше во очи, па не виде дека топката оди кон неговиот гол.
Стрелецот на голот се вика Дани Наваро, а неговата Алкала победи со 3-2. Публиката (650 гледачи) не можеше да поверува што гледа. Погледнете ги сите голови од мечот, а погодокот на Дани е за водство од 2-1:
https://twitter.com/i/status/1231952235615129600