Кој вели дека во НБА не играат одбрана, раката на Јокиќ изгледа како да се борел со издрогирана мечка!

Чуварите на Никола Јокиќ не бираат средства како да го запрат, па центарот на Денвер нагетс кој две години по ред е МВП на сезоната, често влегува во конфликт со судиите од кои бара поголема заштита.

Завчера против Кливленд, Србинот имаше 24 поени, 18 скока и 13 асистенции, а во еден момент од мечот, тренерот на Нагетс, побара тајм-аут, затоа што од раката на Јокиќ течеше крв како резултат на грубата одбрана која ја играа против него. На тој меч, над Јокиќ беа досудени само три фаули.

На социјалните мрежи имаше коментари од типот „Рацете му изгледаат како да се борел со издрогирана мечка“.

- Оглас -

Најнови вести