Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Ролан Гарос и сега е само на една победа од освојување на рекордната 23-та Гренд слем титула. Српскиот тенисер во полуфиналето го победи Карлос Алкарас.
Беше 1:1 во сетови, кога шпанскиот тенисер се повреди, с епожали на болки во нозете и рацете, па Алкарас само формално ги изигра и ги загуби последните два сета. На крајот Новак славеше со 3:1 во сетови, а по завршување на мечот, следуваше традиционалната порака од победникот.
Ѓоковиќ во првото коло ги вжешти страстите кога порача „Косово е срцето на Србија“, а овојпат реши да не упатува пораки со слична содржина. Едноставно „Одимееее“ напиша Ѓоковиќ по пласманот во финалето на Ролан Гарос, каде ја чека рекордната 24-та Гренд слем титутла.