Која е можната „Група на смртта“ пред денешната ждрепка за Лигата на шампиони?

Синоќа се комплетираа сите 32 екипи кои сезонава ќе бидат дел од Лигата на шампионите, а денеска треба да се дознаат осумте групи. Во четирите барабани има по осум екипи, а правилата се истите од порано. Од секој барабан се вади по една екипа, а во иста група не може да паднат две екипи од иста земја.

Распоредот на групите пред ждрепката е:

Група 1: Реал Мадрид, Севилја, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Јувентус, Порто, Зенит.

Група 2: Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Борусија Дортмунд, Шахтар, Ајакс, Челзи.

Група 3: Интер, Лацио, Аталанта, Лајпциг, Динамо Киев, Краснодар, Салцбург, Олимпијакос.

Група 4: Рен, Ференцварош, Башакшехир, Борусија Менхенгладбах, Олимпик Марсеј, Бриж, Митјиланд и Локомотив Москва.

Според овој распоред, јасно е дека треба да се очекува една „Група на смртта“. Како една од најатрактивните можни групи е во борба за првите две места да бидат: актуелниот првак Баерн Минхен, англискиот Манчестер сити, Интер од Италија и некогашниот првак Олимпик Марсеј.

Атрактивна група која е можно да се очекува е и Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Лацио и Борусија Менхенгладбах. Опции има повеќе, а конечниот изглед на осумте групни треба да се знае некаде околу 17:20 часот.

- Оглас -

Најнови вести