0.8 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Коке со проектил „го уби пајакот“ во мрежата на Жирона (Видео)

Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, на 708-миот меч во дресот на Јорганџиите го постигна својот 50-ти гол и му помогна на тимот да победи со 3-0 на гостувањето кај Жирона.

Погодокот на Коке беше со спектакуларен шут од далечина. Топката „му легна“ на волеј и ја испрати таму каде што голманот немаше шанса да ја одбрани. Коке е прв играч од среден ред кој дал 50 гола за Атлетико од 1987 година наваму.

Жирона е тим со најмногу примени голови во шпанската лига сезонава, затоа и не треба да чуди што во опасната зона на табелата после 17 кола.

- Оглас -

Најнови вести