Атлетико Мадрид одигра херојски меч на „Олд Трафорд“ и со 1:0 го победи Манчестер јунајтед. Овој резултат беше доволен за мадридскиот тим да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
„За мене Облак е најдобриот голман во светот. Тоа го докажа и на овој меч“, рече капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, по победата на „Олд Трафорд“, а потоа додаде: „Сакаме да стигнеме што е можно подалеку во Лигата на шампионите. Овој турнир е неверојатен и секогаш е привилегија да се биде дел од него. Сметам дека уште на првиот меч заслуживме да победиме, а сега одигравме многу квалитетно, токму така како што требаше“, задоволно заврши Коке.
Статистиката од синоќешниот меч покажува дека Манчестер имал 59 отсто посед на топката, домаќините шутнале вкупно 12 пати, изведоа пет корнери, но на крајот не постигнаа ниту еден гол. За разлика од Црвените ѓаволи, Атлетико Мадрид даде гол само со 41 отсто посед на топка, девет шута кон голот на Де Хеа и само два изведени корнери.