Коко Гоф го освои пехарот на завршниот ВТА турнир во Ријад

Американката Коко Гоф направи импресивен пресврт и го освои финалниот ВТА турнир во Ријад, победувајќи ја кинеската тенисерка Кинвен Жeнг со 3-6, 6-4, 7-6(2). Гоф пропушти четири меч-топки, но успеа да избори тај-брејк, во кој беше многу инспирирана и ѝ препушти само две поени на својата противничка.


Мечот траеше рекордни три часа и шест минути.

Олимписката шампионка од Париз, Кинвен Жeнг, го започна мечот подобро. Во првиот сет, таа го одзеде сервисот на Гоф во осмиот гем, поведувајќи со 5-3, и потоа го освои сетот на свој сервис.

Во вториот сет, Женг повторно направи брз брејк и поведе со 2-0. Но, Гоф не се предаде и израмни на 3-3. Потоа направи нов брејк и поведе со 5-3, Жeнг врати еден брејк, но повторно го загуби својот сервис, што резултираше со израмнување во сетови.

Третиот сет беше најдраматичен. Жeнг повторно рано направи брејк и поведе со 2:0, но Гоф успеа да врати и израмни на 2-2. Кинеската не се откажа и направи нов брејк за 4-3, а потоа и поведе со 5-3. Коко Гоф врати еден гем, но Жeн гимаше шанса да сервира за победа при 5-4. Сепак, не издржа под притисокот, па Гоф го израмни резултатот.

При 6-5, Гоф пропушти две меч-топки на сервисот на Жeнг, која успеа да го спаси сетот и го одведе натпреварот во тај-брејк. Во тај-брејкот, Коко Гоф поведе со 6-0, а Жeн успеа да освои само две поени пред Гоф да го завери триумфот.

- Оглас -

Најнови вести