Коко Гоф и Ига Швјонтек се првите полуфиналистки на Ролан Гарос

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек и Американката Коко Гоф се првите полуфиналистки на гранслем-турнирот Ролан Гарос во Париз.

Полската тенисерка со 2-0 во сетови ја совлада Маркета Вондрусова од Чешка, додека Коко Гоф во три сета (4-6, 6-2, 6-3) беше подобра од Онс Жабер.

Швјонтек беше доминатна во дуелот против Вондрусова. Во првиот сет на противничката ѝ дозволи да освои само еден гем, а вториот го доби со 6-2 во гемови.

Ига Швјонтек ја брани титулата на Ролан Гарос од минатата година.

- Оглас -

Најнови вести