27.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Коктел понуда од повеќе различни спортови

Во денешниот Супер тип на Sport Life има мечеви од повеќе различни спортови, што значи дека сите љубители на спортот ќе може да си одберат свој фаворит. Возбудувањата ќе започнат со тениската пресметка на која Рублев е фаворит за победа над Корда, а зголемен коефициент има и за триумф на Хуркач против Хумберт.

Денеска се играат елитни мечеви од Лигата на шампионите во ракомет и Евролигата во кошарка. Рајн-Некар Левен дома е фаворит над Хамбург, а ПСЖ треба победнички да се врати од гостувањето во Загреб.

Во Евролигата, Виртус дома е фаворит против Валенсија, Макаби Тел Авив има поголеми шанси за победа и тоа на гости во Берлин против АЛБА, а ќе биде интересно каде што Партизан има зголемен коефициент за победа против Анадолу Ефес.

Од фудбалската понуда, која стандардно е најбогата, атрактивно е градското дерби меѓу Спортинг и Бенфика, а дома треба да победат Лудогорец против ЦСКА и Галатасарај против Караѓумрук.

 

- Оглас -

Најнови вести