Кол Палмер продолжи со својата одлична форма и беше клучна фигура во победата на Челзи над Тотенхем со 3-4 на гостински терен. Со два успешно реализирани пенали, Палмер не само што му донесе триумф на својот тим туку и урна рекорд во Премиер лигата.
Фудбалерот на Челзи е во серија од 12 последовно реализирани пенали, надминувајќи го рекордот на Коло Туре, кој не промаши 11 удари од белата точка.
Сезонава, Палмер зад своето име има 11 постигнати голови и шест асистенции, со што е трет најдобар стрелец во Премиер лигата. Пред него се само Мохамед Салах и Ерлинг Халанд, кои имаат по 13 погодоци.
Формата на Палмер е од огромно значење за тимот на Енцо Мареска, кој со оваа победа се зацврсти во битката за врвот на табелата.