Ѕвездата на Челзи, Кол Палмер, ќе отсуствува уште околу еден месец поради повредата на слабините што го мачи во последниот период. Поради здравствените проблеми, Англичанецот има само четири настапи од почетокот на сезоната и пропушти неколку натпревари и со репрезентацијата.
Повредата ја доби уште за време на претсезонските подготовки. Медицинскиот тим на Челзи засега не смета дека е потребна операција, а стручњаците веруваат дека подолга пауза ќе биде доволна за Палмер целосно да закрепне.
Тој ќе ги пропушти натпреварите против Нотингам форест, Ајакс, Сандерленд и Вулверхемптон, а на „Стемфорд бриџ“ се надеваат дека ќе биде подготвен за дербито со Тотенхем на 1 ноември.