Кол Палмер, кој има повреда во препоните, може да ги пропушти натпреварите на Челзи против Нотингам Форест, Ајакс, Сандерленд и Вулверхемптон во октомври, доколку неговата состојба не се подобри, објави „Би-Би-Си“.
Англискиот репрезентативец се повреди за време на дуелот против Манчестер јунајтед кон крајот на септември и мораше да биде заменет. Менаџерот на лондонскиот клуб, Енцо Мареска, се надева дека Палмер ќе избегне операција.
Напаѓачот прејде од Манчестер сити во Челзи во 2023 година, по што ја освои Лигата на конференции и Светското клупско првенство.