Лидерот на табелата во Премиер лигата, Арсенал, забележа нова победа, овој пат над Сандерленд пред својата публика од 3-0. „Топчиите“ сега имаат +9 во однос на второпласираниот Манчестер сити, кој утре му гостува на Ливерпул.
Головите за Арсенал беа дело на Зубименди во 42-рата и на Ѓекереш во 66-тата и 93-тата минута.
Челзи за само 45 минути дојде до три бода на гостувањето кај Вулверхемптон и тоа благодарение на Кол Палмер, кој постигна хет-трик за само 25 минути.
Палмер двапати погоди од пенал, во 13-тата и во 35-тата, а третиот гол го постигна од игра во 38-мата минута. Домашните до крајот на мечот успеаја само да постигнат почесен погодок.
Резултати:
Арсенал – Сандерленд 3-0
Борнмут – Астон вила 1-1
Барнли – Вест хем 0-2
Фулам – Евертон 1-2
Вулверхемптон – Челзи 1-3

