5.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Кол Палмер во спектакуларен трансфер ќе го напушти Челзи?!

Кол Палмер во 2023 година се пресели од Манчестер сити во Челзи „само“ за 50 милиони евра, а потоа се промовира во еден од најдобрите фудбалери на Сините. Тоа не остана незабележано од европските гиганти, а според најавите од Островот, Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за неговите услуги.

Сепак, Палмер има договор со Челзи уште осум години, па Кралевите ќе мора и тоа како да платат висока сума доколку сакаат да го ангажираат. Според шпекулациите, Реал Мадрид планира да понуди 130 милиони евра, а во Челзи се подготвени да го продадат за таа сума.

Палмер во дресот на Челзи одигра 101 натпревар, постигнувајќи 45 гола, а има и 29 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести