Рома и Џенова ремизираа при конечни 3-3 во првото коло од новата сезона во Серија А. Римската волчица на „Олимпико“ приреди суперинтересна голеада против екипата на Горан Пандев, кој ги одигра завршните минути влегувајќи на местото на младиот Пинамонти.
Избраниците на Пауло Фонсека не го остварија посакуваниот исход, иако во текот на мечот во три наврати имаа резултатска предност. Ундер и Пинамонти во период од 10 минути ги тресеа мрежите на двете страни за 1-1, пред Џеко да го реализира прекрасниот гол во 30-тата минута, по што гостите се вратија во игра преку Кришито пред истекот на првото полувреме.
Ако ремек-делото на босанскиот голгетер не беше доволно, Коларов се погрижи да се вметне меѓу конкурентите за најдобар погодок во новата сезона со неговиот „проектил“ од слободен удар. Искусниот бек шутираше од околу 25 метри и го погоди долниот дел од гредата, па топката ја помина цела линија и излезе надвор.
За конечни 3-3 израмни Куаме на дваесетина минути до крајот на средбата.
https://twitter.com/RomaSquare/status/1165715647235612672
Останати резултати од првото коло во Серија А:
Калјари – Бреша 0-1
Сампдорија – Лацио 0-3
Спал – Аталанта 2-3
Торинот – Сасуоло 2-1
Верона 1-1 Болоња