Коларов: Горан Пандев многу ми помогна во Лацио

Некогашниот капитен на српската репрезентација, Александар Коларов откри дека капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев многу му помогнал во моментите кога Србинот ја започнувал интернационална кариера. Коларов кој кариерата ја започна во Чукарички, а потоа играше за ОФК Београд, во 2007 година потпиша за Лацио.

Во тој период во Лацио играше Пандев, па нашиот капитен веднаш му бил од помош за Коларов, а Србинот вели дека секогаш ќе му биде благодарен на Гоче.

„Четири месеци живеев во кампот на Лацио. Ми беше многу тешко затоа што не го знаев јазикот. Тогаш многу ми помогна Горан Пандев кој беше таму. Тој го знаеше јазикот и ми помогна да се адаптирам“, откри Коларов во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“.

Коларов три години помина во Лацио, а потоа седум години играше во Манчестер сити, за да во 2017 година повторно се врати во Италија и го облече дресот на Рома. Од Римската волчица си замина минатата година и потпиша за Интер, каде сега е на пат да ја освои титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести