Српскиот фрлач на ѓуле, Асмир Колашинац, ја воодушеви јавноста во Србија и пошироко, откако се појави снимка на која тој во Белград сам со своите раце крена и премести автомобил кој бил паркиран во тревник и го блокирал пристапот за останатите коли.
Силниот Аско кој има 40 години и 140 килограми, наместо да повика „пајак служба“, сам го реши проблемот.
Колашинац пред неколку месеци помогна и после една сообраќајна несреќа, кога го врати превртеното комбе на тркала. Сосема случајно спортистот се најде на местото на несреќата, и покажа дека е голем човек, не само физички.