Коле В. е единствениот играч во 25-тото коло сезонава на бесплатната и забавна Спортска прогноза кој доби ваучер од Sport Life. Коле имаше 11 погодоци и доби ваучер во вредност од 500 денари.
Тој ги погодил сите осум неделни мечеви, што е за секоја пофалба, а погрешил во типувањето само кај два бундеслигашки натпревари кои се играа во саботата, па од 13-те парови во основната понуда, погодил дури 11.
Два меча го делеа овој прогнозер од премија и можност сам да си одбере подарок. Го разочараа Лајпциг и Хофенхајм, за кои типувал дека ќе победат, а Лајпциг загуби од Борусија Менхенгладбах, додека Хофенхајм одигра нерешено со Аугзбург.
Паровите за новото 26-то коло ќе ги објавиме утре во стандарниот термин од 14 часот и тоа ќе биде нова прилика да си ги испробате среќата и знаењето.
Во генералниот пласман во водство е Мирјана Ѓ. со 160 поени, пред Венко П. со 156, додека на третото и четвртото место со по 151 поени се Добривоје Т. и Сашо К.