Колина е ифрит лут – Самиот си зборуваше со себе откако ја виде кражбата на штета на Канада (Видео)

Пјерлуиџи Колина беше бесен по кардиналните грешки на судиите на мечот меѓу Белгија и Канада, а светот се чуди како беа ограбени Канаѓаните во дуелот со фаворитот.

Имаше два недосудени чисти пенали за Канада што не ги досуди ниту слабиот судија Сиказве од Замбија, а потфрлија и неговите колеги во ВАР-собата, кои не му сугерираа дека греши.

Првиот кикс е во 14-тата минута, кога Вертоген направи фаул за пенал, а беше досуден офсајд, иако го немаше бидејќи Белгиецот Еден Азар го проигра противничкиот играч, кој потоа беше грубо фаулиран за пенал.

Потоа имаше и нов пенал по фаулот од Вицел врз Лареј, но и тој не беше досуден, а пак судиите во ВАР-собата останаа неми и без реакција, што предизвика огромни реакции на социјалните мрежи.

Колина е главен шеф во ФИФА во судискиот оддел и веднаш му беше јасно дека слабите судии и неговиот систем што го постави потфрлија опасно и драстично ја оштетија Канада, која загуби со 0:1.

Од бес Колина си зборуваше самиот со себе, а по изразот на лицето јасно е дека беше незадоволен од судиите.

https://twitter.com/Salcedo_Hugo/status/1595506001716854785?s=20&t=MGBUjJ8jXOo2SlYhU6t1Vg

Сиказве сигурно нема веќе да суди на Мундијалот, а веројатно ќе бидат елиминирани и неговите помошници, но и судиите кои вечерва беа во ВАР-собата.

- Оглас -

Најнови вести