Колинда во „клинч“ со Стипе Миочиќ

Посетата на САД, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, ја искористи и да се сретне со борецот Стипе Миочиќ, кој е светски шампион во ултимејт фајт во тешка категорија. Миочиќ официјално настапува како Американец, роден е во САД, но се чувствува Хрват и постојано позира со хрватското знаме.

Средбата на Колинда и Стипе се случи во Кливленд, борецот доби хрватски дрес со неговото име и бројката 10 на грбот. И претседателката носеше фудбалски дрес, па за фоторепортерите интересно беше да се фати кадар како тие боксуваат со боксерски ракавици во ринг или позираат заедно.

„Претседателката удира навистина силно со десната рака. Ме боли “ – се пошегува Стипе.

- Оглас -

Најнови вести