Колкава е вредноста на македонската селекција во однос на останатите учесници на ЕП 2020?

Во пресрет на мечот меѓу Ерменија и Македонија, во кој двете селекции ќе се борат за пласман во Сегментот Б од Лигата на нациите, вреди да се погледне финансиската ситуација во нашата репрезентација кога станува збор за вредноста на играчкиот кадар.

Од вкупно 24 репрезентации, Македонија е втора најслаба според вредност со вкупна сума од 63,15 милиони евра. Финска во овој сегмент е последна со 36,1 милион евра.

Најскап македонски репрезентативец според фудбалскиот пазар е Енис Барди, членот на Леванте вреди 20 милиони евра, а зад него е Елиф Елмас со 18 милиони евра вредност на пазарот. Следуваат Аријан Адеми со 5,5 милиони евра, Езѓан Алиоски и Стефан Ристовски вредат по 3,5 милиони евра.

Милионска вредност имаат уште Несторовски, Димитриевски, Трајковски и Муслиу, додека човекот кој ни го оствари сонот, Горан Пандев, вреди само 400.000 евра на пазарот, со оглед на платата која заработува во Џенова и важноста на договорот до јуни 2021 година.

Колку за споредба, највредната селекција е Англија со 1,4 милијарди евра, па светскиот првак Франција со една милијарда евра.

- Оглас -

Најнови вести