Селекторот на Германија, Јоаким Лев, е стратегот кој добива најголема плата од сите оние кои се на клупата на 24-те најдобри селекции што се дел од Европското првенство. Годишната плата на Лев е 4,6 милиони евра и е пред Дидие Дешамп од Франција, кој на годишно ниво заработува 4,2 милиони евра.
Меѓу најскапоплатените селектори на ЕП има место и за Герет Саутгејт (Англија) со заработка од 3,5 милиони евра, Франк де Бур (Холандија) три милиони евра, Роберто Манчини (Италија) со три милиони евра, Станисав Черчесов (Русија) 2,5 милиони евра, Фернандо Сантос (Португалија) 2,3 милиони евра, Владимир Петковиќ (Швајцарија) 1,74 милиони евра, Луис Енрике (Шпанија) 1,5 милиони евра и Роберто Мартинес со 1,2 милиони евра на годишно ниво како предводник на Белгија.