Летните олимписки игри во Париз свечено ќе бидат отворени утре на церемонијата која заочнува во 19:30 часот, иако дел од спортовите започнаа уште вчера. Но по која цена ќе може да се гледаат натпреварите? Билетите за свеченото отворање се движат од 90 до 2.700 евра, додека оние за затворањето на Игрите се по цена од 45 до 1.600 евра.
Најефтините билети за сите спортови изнесуваат 24 евра, но големи разлики има кај најскапите билети. Тука посебно се издвојуваат три спорта, атлетика, кошарка и плвање, чии билети се со цена до 980 евра. На дното е скејтбордот со цени помеѓу 24 и 160 евра. Некаде на средината се фудбалот со максимална цена од 300 евра и ракометот со 320 евра, додека уживањето во игрите на најдобрите светски тенисер(к)и ќе чини до максимални 420 евра.