Вкупно осум трки се извозеа во новата сезона во Формула 1 шампионатот, а возачите на Мекларен се на челните две позиции. Оскар Пјастри е лидер со 161 бод, а Ландо Норис е втор со 158 бодови. Актуелниот Ф1 првак, Макс Ферстапен, е трет со 136 бодови и тука се затвора кругот на фаворити за титулата.
Многумина Ф1 фанови се прашуваат колку чини просечниот целосен болид од Формула 1, а пресметките покажуваат дека се стигнува до бројката од речиси 21 милион долари.
Само турбомоторот може да чини до 18 милиони долари. Останатите клучни компоненти (шасија, менувач и аеродинамички елементи) дополнително ја зголемуваат цената, па само крилата можат да чинат 260.000 долари.
Пред четири години беше воведено ограничување на буџетот за да се ограничат трошоците, а тој е намален на 140,4 милиони долари за тековната сезона.
Во Формула 1 постои и заштитен уред „ореол“ сместен над и околу главата на возачот, дизајниран да ја заштити главата во случај на судир или паѓање на тешки предмети врз кокпитот.
View this post on Instagram
Беше воведен пред седум години како задолжителна мерка за безбедност во Формула 1, а е направен од титаниум и тежи околу 7 килограми. Неговата цена е околу 17.000 долари, цената на горивото достигнува до 31.000 долари, додека гумите чинат околу 39.000 долари по трка.
Цената на воланот е околу 50.000 долари, системот за сопирање од целосен карбон чини дури 78.000 долари, хидрауличниот систем чини 170.000 долари, а шасијата е неверојатни 707.000 долари.
Турбохибридниот мотор чини околу 18,3 милиони долари, додека менувачот чини 354.000 долари.