Колку е Барселона во хаос – Цела петолетка носат дресови на „Најк“, а немаат договор

Колку е Барселона во хаос во последно време потврдува и неверојатниот податок дека клубот нема договор со „Најк“ во последните пет години, иако носи дресови и опрема од познатиот бренд.

„Најк“ соработува со Барселона од 1998 година, но од 2016 година договорот не е формално продолжен, иако во пракса се се одвива нормално.

Во 2016 година поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу објави дека постигнат договор со „Најк“ до 2028 година, но остана само најавата без формално да се потпише договор.

Според стариот договор Барселона добиваше по 105 милиони евра годишно, или со бонуси максимум до 155 милиони евра. Продолжувањето на договорот беше потоа најавено за следните две години, но досега потпис нема меѓу двете страни.

Најпрво дојде до недоразбирање и застој во преговорите, а потоа почна пандемијата со Ковид-19, па изборите за нов претседател на клубот, што доведе да минат пет години без официјално продолжување на договорот меѓу Барселона и Најк.

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, преговара со „Најк“, но се уште нема договор меѓу двата гиганти.

Барселона е во голема финансиска криза што предизвика намалување на платите на играчите и заминување на иконата на клубот, Лионел Меси во Пари Сен Жермен.

 

- Оглас -

Најнови вести