Колку е далеку Роналдо од рекордниот одраз на Мајкл Џордан?

Голот на Кристијано Роналдо во дуелот против Сампдорија останува топ тема деновиве. Португалецот даде гол со глава откако беше пресметано дека скокнал 71 сантиметар, а во воздух се задржал една и пол секунда.

Ова воопшто не е карактеристично за фудбалерите, а Роналдо го споредија и со НБА-играчите. Неговиот скок од 71 сантиметар е точно колку што е просекот на висина на скок на НБА-играчите, но е многу далеку од рекордот на Мајкл Џордан.

Легендарниот Џордан успеа да се одрази дури 122 сантиметри од паркетот што уште претставува рекорд во НБА-лигата. Таков скок успеал да направи само уште и Дарел Грифит. Додека играше, Ален Ајверсон успеа да има скок од 104 сантиметри, а интересно е што ѕвезди као Коби Брајант и Меџик Џонсон никогаш не успеале да се одразат со повеќе од 90 сантиметри.

 

- Оглас -

Најнови вести