Колку е лесно да се заљубиш во Том Брејди? Ќе ви раскаже Чарлс Баркли (видео)

Поранешниот кошаркар на Феникс санс и еден од најпопуларните играчи на својата генерација, Чарлс Баркли, имаше прилика да раскаже за средбата со Том Брејди, квотербекот на Њу Ингланд пејтриотс. Во вечерното шоу на водителот Џими Кимел, Баркли беше гостин и мораше да ја сподели приказната и да објасни колку лесно се заљубил во Брејди.

„Бев во Атланта пред Супербоулот, имав прилика да се дружам со играчите на Њу Ингланд. Веќе сум пријател со Беличек, а успеав да се запознаам и со Гронковски, но потоа направив грешка. Од позадина се појави Брејди, го погледнав во очи и си помислив: Леле колку е згоден! Сега ми е јасно зошто е толку добар и има толкму многу точни додавања, сите негови противници кога ќе го погнедат во очи „паѓаат во несвест“, истакна Баркли.

Претходно Баркли посочи дека се обложил дека Ремс ќе слават против Пејтриотс во Суперболот, но се случи сосема спротивното, што било глупаво од негова страна да се обложи против Брејди и другарите.

- Оглас -

Најнови вести