Колку е тешка повредата на Адеми?

Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб и репрезентативец на Македонија, вчера го засени триумфот на Модрите против Омонија во квалификациите за ЛШ откако се здоби со повреда.

Адеми се пожали на болки на бутниот мускул, а веројатно има проблеми и со задниот дел на бутниот мускул, па теренот на „Максимир“ го напушти само по 40 минути игра.

„Изгледаше доста болно, но не можам предвреме да прогнозирам и се надевам дека Адеми набрзо ќе се врати во тимот“, истакна тренерот Крзнар.

Се очекува Адеми најмалку да го пропушти реваншот против Омонија закажан за идната недела.

- Оглас -

Најнови вести