Словенскиот судија Славко Винчиќ ја доби довербата да биде главен арбитер во финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд. Мечот за највредниот клупски трофеј во Европа ќе биде на 1 јуни, на легендарниот стадион „Вембли“ во Лондон.
Победникот во Лигата на шампионите ќе добие 20 милиони евра, а за поразениот следуваат 15 милиони евра. Шпанските медиуми откриваат дека главниот судија Винчиќ за судење на финалето ќе добие хонорар само од 10.000 евра. Оваа сума наменета за главниот арбитер е смешна во однос на тоа колку заработуваат клубовите кои се учесници во финалето.
Slavko Vincic krijgt 10.000 euro omdat hij de Champions League-finale mag fluiten van de UEFA.https://t.co/1jEh3xiGnK
— Voetbal International (@VI_nl) May 29, 2024
Помошниците на Винчиќ ќе добијат по 3.000 евра, а на главниот арбитер во ВАР-собата ќе му припаднат 4.000 евра. За АВАР судијата следуваат 2.000 евра, а четвртиот судија ќе добие 1.500 евра.
Во Шпанија, судиите имаат фиксна плата од 12.500 евра месечно, а покрај таа сума, за секој меч на којшто ќе судат добиваат по 4.200 евра (ВАР-судиите добиваат по 2.100 евра).