32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Колку постар, толку подобар: Ѓоковиќ собра повеќе гренслем-трофеи по 30-тиот роденден

Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, со својата рекордна 24-та гренслем-титула во кариерата потврди дека годините воопшто не се проблем за него, напротив.

Иако има 36 години, Србинот доминира особено на гренслемите, а точно половина, 12 од гренслем-титулите, тој ги освои по 31-вата година од животот, што е фасцинантно.

Првата ја освои пред 15 години, во 2008 година во Австралија. Пред 31-вата година, тој имаше шест трофеи на Отвореното првенство на Австралија, една на Ролан Гарос, три на Вимблдон и две на Отвореното првенство на САД.

По 31-виот роденден, кој беше пред пет години, тој нанижа уште четири трофеи во Мелбурн, две во Париз, четири во Лондон и два во Њујорк.

А, според тоа како игра и во каква физичка состојба е, тешко дека ќе запре на 24 гренслема и доминацијата ќе потрае.

- Оглас -

Најнови вести