Колку публика, толку пари – Женскиот фудбал стана шармантен, ФИФА ќе го поддржи со милијарда долари

ФИФА одлучи да остане на планот и да го поддржи развојот на женскиот фудбал со една милијарда долари во периодот од 2019 до 2022 година.

Дамите само се изборија за значајна сума пари откако последното Светско првенство во Франција го гледаа рекордни 1.1 милијарда луѓе.

Американките станаа светски првенки, а турнирот беше мошне возбудлив и неочекувано привлечен за голем број симпатизери.

Женскиот фудбал стана многу шармантен и ФИФА и покрај големата криза со корона-вирусот и очекуваните негативни економски трендови, одлучи да вложи доста пари за развој.

„ФИФА веќе ги определи тие средства и нема да ја повлече одлуката да вложи една милијарди долари за развој на женскиот фудбал. Без разлика што е криза, парите се обезбедени, а ќе се користат како финансиска помош при организација на фудбалските натпреварувања, за развојни програми, управување и лидерство, за професионализација и технички програми“, изјави портпаролот на ФИФА.

 

- Оглас -

Најнови вести