Колку само беше исцрпен: Надал влезе во соблекувалната и се струполи на земја (Видео)

Пет и пол часа траеше епската битка во финалето на Австралија опен оваа година. На крајот, Рафаел Надал со 3:2 во сетови го победи Данил Медведев. Со оваа победа, Шпанецот испиша историја и стана првиот тенисер со 21 титула на Гренд слем турнирите.

За тоа колку беше исцрпувачко финалето, покажува и една снимка од соблекувалната на Надал. По завршување на мечот и доделувањето на трофејот, Шпанецот влезе во соблекувалната, направи неколку чекори и едноставно се струполи на земја.

„Така се чувствуваме сите по овој меч. Го заслужи овој трофеј“, стоеше во коментарот на официјалната твитер страна на Австралија опен, која и ја објави оваа снимка.

„Ова беше еден од моите најтешки мечеви во кариерата, емотивно. Среќно во иднина Данил. Ми беше чест да играм против тебе. Не знам што да кажам, ова е неверојатно. Мислев дека нема да можам да играм на Австралија опен, а сега сум со трофејот во рацете“, рече Надал веднаш по мечот.

- Оглас -

Најнови вести