МЗТ Скопје Аеродром ја победи Цедевита јуниор со 87-82 во последниот натпревар за Металците сезонава во втората АБА-лига. Средбата немаше резултатско значење.
За македонскиот првак ова беше трета победа во шесте кола, што не беше доволно за пласман во четвртфиналето на АБА 2 лигата, кобни по амбициите на клубот беа тесните порази дома од Хелиос и особено оној драматичниот од Цедевита јуниор на гости, кој мораше и требаше да го добијат.
Војдан Стојановски со 17 поени и 5 асистенции беше најдобар кај МЗТ, се раздели со двајца странци, па сега има „само“ уште двајца. Маслинко даде 12 поени, Едвин 11, а Петков и Андоноски по 10 поени.