Барселона до 2005 година, до пред дербито на Лионел Меси за првиот тим на каталонскиот гигант, имаше освоено само една титула во Лигата на шампионите, а сега има пет. Тоа е само еден од многуте показатели колкав придонес даде Аргентинецот за Барса.
Меси е најдобар стрелец и асистент во историјата на Барселона со 672 гола и 305 асистенции. Никој друг низ историјата на фудбалот нема ниту приближно толкав придонес за еден ист клуб. Меси е и играч со најмногу настапи за Барселона.
И пред да се појави Меси, Барселона беше голем клуб кој имаше 48 трофеи, но сега има 83. За 17 сезони освоија 35 пехари, а пред тоа имаа 48 за над 100 години постоење. И во шпанската лига многу напредуваа со Меси во составот. До 2005 година, Барса имаше 16 титули во Ла Лига, додека сега има 26. Во 2009 година, Барселона освои шест трофеи, единствен таков подвиг во историјата.