Колку убава глетка на „Луиџи Ферарис“: Македонци еден против друг на терен, на трибините се вее македонското знаме (фото)

Удинезе на Илија Несторовски ги освои бодовите против Џенова и Горан Пандев, а на стадионот „Луиџи Ферарис“ сè беше во знакот на Македонија. Нашите репрезентативци еден против друг ги вкрстија копјата, а на трибините се вееше македонското знаме, а до него стоеше дресот на Пандев од периодот кога играше за Интер.

Пандев одигра цел меч во улога на капитен, додека Несторовски се задржа на тревата до 72-та минута. Инаку во поразот на Џенова од 1-3, Пандев го постигна единствениот гол за домаќините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести