Колку заработи Реал Мадрид од продажбата на дресовите на Белингам

Реал Мадрид изминатото лето направи вистински потег со 103 милиони евра вредниот трансфер на Џуд Белингам, а инвестицијата почна да им се исплаќа и финансиски.

Белингам е вистински хит, на 13 натпревари во Ла Лига постигна 11 гола, а четири гола даде и на четирите меча во Лигата на шампионите и стана миленик на навивачите на Реал Мадрид, кои сè почесто на трибините носат дресови со неговото презиме.
Реал Мадрид досега продаде речиси 100.000 дресови со „петката“ на Белингам и добро заработи.

Дресот во клупската продавница чини 125 евра, а се плаќаат дополнителни 25 евра да се нанесе презимето и бројот, што значи дека досега се заработени 15 милиони евра.

Поголем дел од оваа сума оди на сметката на производителот на спортска опрема „Адидас“, додека на Реал му следуваат 40 отсто од продаден дрес, а тоа е шест милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести