Колку заработуваат судиите кои делат правда во Лигата на шампионите?

Лигата на шампионите е натпреварување во кое настапуваат најголемите ѕвезди на европскиот и светскиот фудбал, тие заработуваат огромни пари и се обидуваат да стигнат до најпосакуваниот пехар во клупска конкуренција. Но, не се за потценување и хонорарите што ги добиваат најдобрите европски судии кои ја делат правдата во елитното натпреварување.

За натпреварите во плејофот на Лигата на шампионите, како и за осминафиналето, тие ќе заработат 6.000 евра по натпревар, што е иста сума како и минатата година.

За натпреварите во четвртфиналето и во полуфиналето, судијите ќе добијат по 7.500 евра, а оној што ќе суди големото финале на Лигата на шампионите, кое ќе се игра на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен, ќе заработи 10.000 евра.

Во Лигата на Европа, судиите во нокаут фазата заработуваат 5.500 евра по натпревар, додека таа сума расте на 6.000 евра за натпревари во четвртфиналето и полуфиналето.

Судијата кој ќе биде одреден да суди на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао во финалето ќе заработи 7.500 евра.

- Оглас -

Најнови вести