26.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Коло без императив, но со одлични квоти за игрите на голови (Фото)

Македонските фудбалски прволигаши денес ќе го одиграат последното, 33-то првенствено коло. Се е познато и нема никакви драми во последното коло. Струга Трим Љум е шампион, Шкупи и Шкендија веќе обезбедија пласман во квалификациите на Конференциската лига, Скопје е во баражот за опстанок, а прилепска Победа веќе е второлигаш. Единственото непознато е која екипата ќе биде последниот патник во европските купови, но тоа ќе го дознаеме откако ќе се одигра финалето од Купот на Македонија.

Токму затоа денес најатрактивни се игрите на голови, а за 3+ има одлични квоти за сите натпревари, освен за дуелот Победа – Тиквеш, со оглед на лошите резултати на прилепчани. Останатите четири дуели имаат квоти над 2 за три или повеќе голови.

Екипите на овие последни натпревари голема шанса им даваат и на играчите кои имале помала минутажа во текот на сезона, па одлични се и игрите за “гол-гол“, бидејќи голем е мотивот за докажување кај овие фудбалери.

Се на се, не очекува интересно и се надеваме ефикасно коло.

ПМФЛ, 33-то коло – двојки (17:00)

Работнички – Шкендија
Скопје – Брегалница
Струга ТЉ – Шкупи
Победа – Тиквеш
Академија Пандев – Силекс

Табела: 1. Струга ТЉ 65, 2. Шкупи 58, 3. Шкендија 54, 4. Силекс 47, 5. Македонија ЃП 39, 6. Брегалница 38, 7. Тиквеш 37, 8. Работнички 37, 9. Академија Пандев 27, 10. Скопје 22, 11. Победа 13

- Оглас -

Најнови вести