Убава шанса за „ајфон 11“ – Коло број 12 како погодено за тринаесетка на Спортска прогноза

Жозе Мурињо со Тотенхем како лидер на табелата ќе му гостува на својот поранешен тим Челзи во лондонското дерби од Премиер лигата, што е во фокусот и во новото коло на Спортска прогноза.

Прогнозирањето е веќе во тек и имате можност да се приклучите на сè побројната армија учесници во нашата бесплатна игра.

До сабота, до 15.30 часот, со почетокот на бундеслигашкиот меч меѓу Унион Берлин и Ајнтрахт Франкфурт, можете да кроите стратегија и прогноза за да се освои топ-наградата „ајфон 11“ што ја доделуваат Sport Life и Спорт Манија за секое коло посебно.

И во ова коло прогнозерите ќе бидат на свој терен бидејќи сите двојки, вклучувајчи ги и двата резервни пара, се од Топ-5 лигите во Европа.

Стандардно Sport Life и Спорт Манија ги наградуваат и прогнозерите што ќе промашат еден или два пара од основната програма со 13 натпревари, а во таков случај ќе може да искористите ваучери од 1.000 и од 500 денари во обложувалниците на Sport Life.

Многу интересна станува и битката за врвот во Генералниот пласман и разликата од лидерот Марко К., кој има 79 поени, до последниот во Топ-50 е само шест поени.

И тука ќе има одлични награди, шампионот во третата сезона ќе се поднови со ТВ Смарт од 48 инчи, а најдобрите пет прогнозери ќе добијат многу поени за пазарување во СЛ маркетот на Sport Life.

Приклучете се во играта што, пред сè, нуди забава, но и одлични награди, а е едноставна и лесно можете да станете добитник на „ајфон 11“ или на некоја од многуте награди што се вклучени и за секое коло на Спортска прогноза, но и за конечниот поредок во Генералниот пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести