Францускиот интернационалец, Рандал Коло Муани, последната полусезона ја мина на позајмица во Јувентус, но сега повторно е во Париз, бидејќи има уште три сезони од договорот со ПСЖ.
„Светците“ во 2023 година го купија од Ајнтрахт Франкфурт за 95 милиони евра, но не беше во плановите на Луис Енрике, а сега е ставен на трансфер-листа. Фудбалерот веќе ги одбил понудите на Тотенхем и Манчестер јунајтед, а неговата желба е да остане во Торино и да продолжи да го носи дресот на Јувентус.
„Старата дама“ веќе испратила официјална понуда до ПСЖ, со која сакаат да го задржат на позајмица за наредната сезона, за што би платиле 15 милиони евра, но со опција за задолжителен откуп на крајот од наредната сезона, за што би платиле дополнителни 30 милиони евра.