Коло Муани: Ја пробав маската на Мбапе, па тој не гледа речиси ништо кога ја носи

Напаѓачот на Франција, Рандал Коло Муани, изјави дека воопшто не му е лесно на капитенот на тимот, Килијан Мбапе, поради маската што ја носи заради фрактурата на носот. Напаѓачот на Пари Сен Жермен вели дека пробал да ја носи на еден од тренинзите и утврдил дека таа прави големи проблеми при гледањето и фокусирањето на топката.

„Кога ја доби маската, можете да претпоставите дека ја пробав. Дури имам и слики со неа. Не се гледа ништо, навистина не се гледа. Сигурно е многу тешко да се игра со неа“, изјави Коло Муани.

Тој смета дека Килијан Мбапе е фантастичен фудбалер иако засега не блеска на Европското првенство.

„Мбапе имаше неверојатна сезона. Сигурно не му е лесно кога гледа дека не дава голови, но затоа ние соиграчите сме тука да го подигнеме кога е тешко. Првенството не е завршено, следуваат најтешките два натпревари, а Мбапе е најдобар кога е најпотребно“, истакна неговиот сега веќе поранешен соиграч од Пари Сен Жермен.

 

- Оглас -

Најнови вести