11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Коло Муани пристигна во Торино да потпише за Јувентус

Напаѓачот на ПСЖ, Рандал Коло Муани, пристигна во Торино за да потпише договор со Јувентус.

Според информациите од Апенините, францускиот и италијанскиот клуб постигнале конечен договор за трансферот на напаѓачот и сите документи веќе се потпишани.

Коло Муани пристигна во Торино синоќа, а денеска ќе ги мине лекарските прегледи во медицинскиот центар на Јуве. Тој ќе биде второто ново засилување за торинскиот гигант во јануари, по португалскиот дефанзивец Алберто Кошта.

Напаѓачот е дел од ПСЖ од 1 септември 2023 година, а договорот со клубот му важи до 30 јуни 2028 година. Оваа сезона 26-годишниот напаѓач постигна два гола и забележа една асистенција на 14 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести