Остануваат уште 48 часа шанса за играчите да ги пополнат своите типови за бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Првиот натпревар започнува во сабота, во 14 часот, а дотогаш може да се типува.
Следното коло е вистински предизвик за типувачите, со оглед на тоа дека содржи три дерби-натпревари. Најголемо внимание привлекува шпанското Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид, а 35,21% се одлучија предност да ѝ дадат на екипата од Каталонија. Сличен е процентот и за нерешено, кој изнесува 34,88, додека за победа на Реал одиграа 29,91% од играчите.
На големото дерби на Манчестер, помеѓу Јунајтед и Сити, има изразит фаворит според типувачите на Спортска прогноза, кои во голем процент од 72,19 предност им даваат на Граѓаните.
Колото се затвора со дерби-дуел во италијанската Серија А, на кој екипата на Наполи ја доби „довербата“ од играчите со 52,32%. Само 19,32% од играчите типуваат на победа на Милан.
Во шестата сезона на бесплатната игра сè уште се чека првиот прогнозер што ќе погоди Тринаесетка и ќе може да си одбере по сопствен избор една од трите понудени награди од Sport Life:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
електричен тротинет,
Сони плејстејшн 5
Голем дел од стандардните учесници веќе ги одиграа своите комбинации, а секој може да се приклучи на многу едноставен начин.
Играта е бесплатна, сè што ви треба е да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може многу брзо да се добие на сите шалтери на Sport Life.
Sport Life ги наградува и утките, па со 12 погодени пар, ви следува ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодоци добивате ваучер од 500 денари.