Вторник, 14 часот е стандардниот традиционален термин во којшто почнува типувањето за новото коло на популарната бесплатна Спортска прогноза, овојпат 18-то сезонава, а со свои прогнози може да учествувате до сабота попладне, до почетокот на првиот меч од понудата.
Во основната 13-ка, најголеми дербија на кои треба да се погоди конечниот исход се Арсенал – Манчестер сити и Милан – Интер, два меча кои се играат в недела.
Арсенал и Сити се тимови кои се борат за второто место во Премиер лигата, додека во Милано ќе има градско „Дерби дела Мадонина“, кое секогаш привлекува внимание и носи притисок и возбуда, без разлика на формата на тимовите и состојбата на табелата.
Прв меч во понудата е Нотингам форест – Брајтон, кој се игра в сабота, од 13.30 часот, и тоа е крајниот термин до кој може да се типува.
В недела се играат осум интересни меча на коишто треба да го погодите конечниот исход, и тоа: Тулуз – Ница, Валенсија – Селта, Арсенал – Манчестер сити, Милан – Интер, Осасуна – Реал Сосиедад, Марсеј – Лион, Рома – Наполи и Бетис – Атлетик Билбао. Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.