Коло на Спортска прогноза со посебен шарм – Ја има и Македонија, игра со учесник на Мундијалот во Катар

Десеттото коло на Спортска прогноза има посебен шарм, како и секогаш кога на популарната Тринаесетка има селекција на Македонија во кој било спорт.

Сега на ред се фудбалерите, кои во сабота, на 22 октомври, ќе играат со Саудиска Арабија во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, во пријателски меч.

Фудбалерите на Саудиска Арабија ќе играат на Светското првенство во Катар за еден месец и ова е одлична шанса за нашата репрезентација, без стандардните играчи, да изненади учесник на Мундијалот.

Десеттото коло е отворено за прогнозирање од денеска од 14 часот, до сабота до 16 часот, кога ќе почне мечот меѓу Евертон и Кристал палас.

Во фокусот покрај нашиот меч, ќе биде и големото англиско дерби меѓу Челзи и Манчестер јунајтед во сабота и италијанското дерби меѓу Рома и Наполи во недела.

Сите 13+2 натпревари се од Топ-5 лигите на Европа, што е познат терен за прогнозерите и се очекува атак на 13-ката.

За погоден максимален број парови, од оваа сезона имате можност сами да си одбрете подарок од три варијанти:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X 

Sport Life и Спорт Манија стандардно ги наградуваат и утките, па со промашени два пара се добива ваучер од 500 денари, а за еден промашен пар ви следува ваучер од 1.000 денари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести