Утре во 15.30 часот завршува рокот до кој може да се вклучите со ваши прогнози во 29-тото коло на бесплатната Спортска прогноза на Sport Life, а според процентите на овие играчи кои досега веќе се изјасниле, ако нема некои изненадувања, добри се шансите да има добитници на подароци.
Кај 11 од 13-те парови од основата понуда повеќе од половината прогнозери се истомисленици и типувале исто.
Има поделеност само кај Борнмут – Манчестер јунајтед и Бохум – Унион Берлин, каде што нема мнозинство барем од 50 отсто кои прогнозирале на единица, икс или двојка.
Меѓу најголемите фаворити за победа викендов се Интер против Рома, Менхенгладбах против Холштајн Кил, Нант со Тулуз, Астон вила против Кристал палас, а над 50% веруваат во победи на Барселона во Купот против Реал Мадрид и на Ривер плејт над Бока јуниорс во Ел Класико, односно Суперкласико.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.