Коло со Ел Класико не се пропушта – Со Спортска прогноза е уште поинтересно, може да ви донесе „ајфон 11“

Прогнозите се речиси израмнети за големото шпанско дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона, а учесниците што досега типуваа во 31-вото коло на Спортска прогноза им даваат поддеднакви шанси на двата великани во популарното Ел Класико што ќе се игра во сабота, од 21 часот, во Мадрид.

Новото мегадерби, едно од најголемите во светот на фудбалот, е вистински предизвик и за учесниците во бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Погоден исход на дуелот во Мадрид може да биде добар знак во походот на прогнозерите да погодат комплетна Тринаесетка и да добијат прекрасна награда, „ајфон 11“.

Колото почнува во сабота, во 15.30, со германското дерби меѓу Ајнтрахт и Волфбсург. Мечот е многу значаен за позиции што водат во Лигата на шампионите, а до тој термин можете да се вклучите со свои прогнози во 31-вото коло на Спортска прогноза.

Процесот е едноставен, треба само да имате СЛ картичка од Sport Life и потоа на едноставен начин да смислите добитна стратегија како да се погодат 13 пара во оваа рунда.

Натпреварите како и секогаш се многу интересни во нашата понуда од 13+2 двојки, а треба да се внимава и на резервните парови, кои носат поени за подобра позиција во Генерален пласман.

Награди има многу, специјална е таа што Sport Life ја дава за секое коло и прогнозер што ќе погоди Тринаесетка, а можете да се подновите со прекрасниот модел на мобилен телефон „ајфон 11“.

Со бесплатната и забавна игра се наградуваат и утките, па за едно промашување, се добива ваучер од 1.000 денари што можете да го искористите во Sport Life, а ако погодите 11-ка, наградата е ваучер од 500 денари.

Сè повозбудлива станува и трката во Генералниот пласман, а шампионот во третата сезона на Спортска прогноза ќе биде награден со ТВ Смарт од 48 инчи.

 

- Оглас -

Најнови вести