Коло за мерак на Спортска прогноза – Решете ја прецизно „Тринаесетката“ во 13-тата рунда за „ајфон 11“

Дербито на Северен Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал е во фокусот на новото коло на Спортска прогноза што е веќе подготвено за типување.

Коло за мерак, 13-то по ред во третата сезона на нашата бесплатна игра во која треба прецизно да се погоди популарната „Тринаесетка“ за да се добие главната награда „ајфон11“.

Од денеска веќе можете да ги подготвите своите прогнози, стандардно со типови на основното мени од 13 двојки, плус и двата резервни пара кои се сметаат за Генералниот пласман.

Прогнозирањето ќе заврши во сабота, во15.30 часот, со почетокот на првиот меч во понудата меѓу Арминија Билефелд и Мајнц во Бундеслигата.

Двојките се комплетно од натпревари во Топ-5 лигите во Европа, па задачата ќе биде полесна да се стаса до прекрасниот мобилен телефон што во секое коло го доделува Sport Life за погодени 13 парови.

Во сабота дербито е на „Рамон Санчес Писхуан“ меѓу Севилја и Реал Мадрид, а во недела во фокусот ќе биде градското дерби на Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал.

Има уште многу интересни мечеви за прогнозирање, армијата на учесници во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија е се побројна, па предизвик е да се учествува и прецизно да се погоди максимален број на мечеви за убави награди.

Стандардно за погодени 12 натпревари се доделуваат ваучери во вредност од 1.000 денари, а со две утки добивате ваучер од 500 денари што може да се искористи за добитен тикет во Sport Life.

 

 

- Оглас -

Најнови вести