Колорадо е освојувач на Стенли купот

Екипата на Колорадо авеланш е новиот шампион во најсилната хокејска лига во светот, популарната НХЛ во САД. Во големото финале Колорадо со 4:2 во победи славеше над Тампа Беј и на крајот го освои трофејот на престижниот Стенли куп.

Во шестиот меч, кој се одигра во Тампа, домаќините водеа со 1:0 по првата третина, но во вторите 20 минути, гостите од Колорадо постигнаа два гола за пресврт и предност од 2:1. Во последната третина, Колорадо одлично се одбрани и ја сочува предноста од 2:1 до крајот, за голема радост и третпат освојување на овој вреден трофеј.

Колорадо авеланш бил НХЛ шампион само уште во 1996 и 2001 година.

- Оглас -

Најнови вести