Колорадо авеланш ќе игра во финалето на НХЛ лигата по 21 година пауза, или за првпат по 2001 година, а тоа го стори со неверојатни настапи во плејофот и само со два порази вкупно во сите серии.
Во финалето на Западната конференција го декласираа Едмонтон ојлерс со 4:0 во победи, а со последната ноќеска од 6:5 на гости и по продолженија си осигурија битка за титулата.
Финецот Артури Лекхонен беше јунакот на Авеланш и тој го постигна голот за пробив во финалето.
Лекхонен беше прецизен само по 79 секунди игра во продолжението за победа на Колорадо од 6:5.
Едмонтон имаше шанса за почесна победа, но двапати прокоцка по два гола предност и е елиминиран во Западното финале со чисти 4:0.
Колорадо ќе игра за пехарот во Стенли купот против Њујорк ренџерс, или Тампа беј лајтнинг, а таму тимот од Њујорк има предност од 2:1.